Вучиќ: Србија е цврсто посветена да го забрза својот пат кон ЕУ, но очекуваме јасни сигнали

Вучиќ-Србија-е-цврсто-посветена-да-го-забрза-својот-пат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, дека во разговорот посочил дека Србија е цврсто решена да го забрза европскиот пат кон ЕУ, но дека очекува јасни сигнали за поддршка од Европа на тој пат.


„Недвосмислено му кажав на Мицотакис дека Србија е цврсто решена да продолжи и да го забрза својот европски пат, дека сме благодарни на Грција за таа поддршка и дека тоа не е само формална реченица што политичарите ја изговараат, туку дека е од суштинско значење за нашата земја“, рече Вучиќ и додаде:

„Но, исто така кажав дека разбирам дека во Европа не се секогаш задоволни од сите наши потези, но и дека во Европа мора да разберат дека и ние очекуваме јасни сигнали да ја поддржиме Србија на нејзиниот пат“, нагласи Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK