Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет.
– Денеска не и е лесно на Украина, а ние немаме ништо против Украина, тие не го признаа Косово. Реков дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет. За нас е важно да имаме добри односи со Украина, Украина не го призна Косово – рече претседателот.
Тој потсети дека евентуалната поинаква одлука на Украина во однос на Косово ќе има многу сериозно влијание врз најмалку две европски земји.
– Верувам дека ќе продолжиме да градиме пријателски односи со Украина и почитувајќи ја одлуката на Советот за национална безбедност од пред две години, ќе опстоиме на политиката на пријателство кон другите актери од истокот на Европа, вклучително и Руската Федерација, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија, Вучиќ, во Тирана учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа со претседателот на Украина Володимир Зеленски и лидерите на 13 европски земји и претставници на ЕУ.