Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека ќе распише вонредни парламентарни избори за 17 декември.
„Ги исполнивме сите нивни барања“, рече Вучиќ, алудирајќи на писмото што претходно го испрати опозицијата.
Вучиќ додаде дека избори ќе има и во Белград и во Војводина.
Вучиќ на крајот на септември најави и дека е можно изборите да се одржат на 17 декември, велејќи дека е подготвен.
На 11 септември, претставниците на опозицијата, која ги организира протестите „Србија против насилството“, поднесоа барање од Вучиќ да распише вонредни парламентарни избори и избори во Белград до крајот на 2023 година.
Делот од опозицијата кој ги организира протестите „Србија против насилството“ се уште нема донесено одлука дали на избори ќе оди на една листа.