Вучиќ: Курти планира да ги уапси сите Срби подготвени да го бранат северот на Косово

vucic_89897878
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Палиќ дека косовскиот премиер Албин Курти „има намера да ги уапси сите Срби за кои мисли дека се физички и интелектуално способни да го бранат северот“ на Косово „за да не може да протера луѓе или да го окупира Северот“.

На новинарите им порача и дека на Белград му претстои тежок период, но дека „на Курти нема да му биде лесно како што замислил“.


Тој потсети на апсењата на Србите на северот на Косово и дека во последниот случај е ослободен притворениот спортист Александар Алагиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK