Вучиќ ги испрати министрите во продавница по леб, мајонез и јогурт, па говореше за намалувањето на цените

Вучиќ-ги-испрати-министрите-во-продавница-по-леб-мајонез-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Минатата недела српскиот претседател, Александар Вучиќ во обраќање до јавноста извади разни артикли од корпата и нареди да им се намалат цените.


Денеска се пофали со новите цени. На „Инстаграм“ објави видео од мајонез, леб и јогурт. Се пофали дека е поевтино од порано.

„Следната недела поевтинуваат уште десет значајни производи. Среќен што можеме да им помогнеме на нашите граѓани“, вели Вучиќ во видеото.

Претседателот во продавницата ги испрати министерот за финансии Синиша Мали и Томислав Момировиќ, министер за трговија.

Купиле леб, мајонез и јогурт и појадувале со Вучиќ.

„Купиле два литра јогурт, половина килограм сирење, два леба, и две кеси мајонез. Вкупно 585 динари“, рече Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK