„Врати се сонце наше“: исчезна момче во Загреб, било видено како насилно влегува во бело комбе

„Врати-се-сонце-наше-исчезна-момче-во-Загреб-било-видено.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жељко Гргуриќ, момче родено 2008 година исчезна во Загреб. Жељко е висок 170 сантиметри, има кафена коса и очи.


Во моментот на неговото исчезнување тој носел црни тренерки, црно-бела маица, црна јакна и бели патики, пишува Индекс.

Преку Фејсбук апел за помош во потрагата испратила бабата на 15-годишното момче, која вели дека неодамна бил во Дуги Село со другарка кај негов познаник и дека бил виден како влегува во бело комбе против негова волја откако му наредиле двајца мажи.

„Драги мои, ве молам, внук ми го нема. Жељко, нека ни се врати сонцето,“, напиша таа.

Како датум на исчезнување е пријавен 22 јануари.

„Лицето се оддалечило од адресата во Загреб од улица Отон Жупанчиќ“, соопшти полицијата.

Исчезнувањето го истражува Јавното обвинителство во Загреб.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK