Во Турција денеска се одржуваат локални избори, се води голема битка за Истанбул

izbori-turcija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 61 милион гласачи ширум Турција денеска ќе излезат на локалните избори и ќе гласаат на повеќе од 200.000 избирачки места, а на изборите ќе учествуваат кандидати од 34 политички партии.


Гласањето почна во 7 часот изутринава по локално време и ќе продолжи до 16 часот во 32 источни провинции, додека гласачките места во другите провинции беа отворени во 8, а ќе бидат затворени во 17 часот.

Се избираат градоначалници, началници на области и други локални функционери кои ќе ја извршуваат функцијата во следните пет години, вклучително и лидери во Истанбул, Анкара и Измир, јавува турската државна телевизија „ТРТ“.

Главните конкурентски партии се владејачката Партија на правдата и развојот, главната опозициска Републиканска народна партија, Партијата за националистичко движење и Демократската партија на народите.

Претседателот на Врховната изборна комисија Ахмет Јенер претходно изјави дека се преземени сите мерки за изборите да поминат во безбедна средина.

Ројтерс објави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обидува да ја врати контролата врз Истанбул од неговиот главен ривал Екрем Имамоглу и дополнително да ја консолидира својата политичка позиција.

Во 2019 година, градоначалникот на Истанбул, Имамоглу им го зададе најголемиот изборен удар на Ердоган и неговата партија во 20-годишното владеење на Турција, а денешните избори би можеле да ја зајакнат контролата на Ердоган во земјата или да сигнализираат за промени, бидејќи победата на Имамоглу во Истанбул, исто така, ќе ги зајакне очекувањата дека тој ќе стане иден национален лидер, според агенцијата.

Анкетите предвидуваат тесна изборна трка во Истанбул, 16-милионскиот град кој ја напојува турската економија, спротивставувајќи го Имамоглу против кандидатот на Ердоган, поранешниот министер Мурат Курум

Иако за Ердоган најважна е победата во Истанбул, турскиот претседател се обидува да победи и на локалните избори во Анкара, наведува Ројтерс.

Опозицијата победи на изборите во 2019 година во двата града.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK