– Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска во Брисел се сретна со шефот на преговарачкиот тим на Косово, Бесник Бислими.
Лајчак претходно разговараше со директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
ЕУ се надева дека како дел од продолжувањето на дијалогот под покровителство на Брисел ќе се одржи средба на шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина со Лајчак.
Со Лајчак денеска во Брисел треба да разговара и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Околу 19 часот, Вучиќ ќе има средба и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Според најавите од Брисел, во фокусот на денешната рунда дијалог е целосното спроведување на Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, што Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го постигнаа на 27 февруари во Брисел, како и чекорите кон деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово