– Малолетникот К.К. кој изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, денеска дава исказ во Вишото јавно обвинителство во глкавниот град на Србија во постапката против неговиот татко, јавија српските медиуми.
Тој е на распит како сведок во постапката против неговиот татко Владимир К., кој е осомничен за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Владимир К. е во притвор од неговото апсење на 3 мај, истиот ден кога К.К. уби девет ученици и еден чувар во училиштето.