Како што соопшти денеска Полициското одделение во хрватското гратче Сењ, двајца полицајци од тоа полициско одделение се приведени поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело силување. Против нив е поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението.
Силувањето го пријавила жена која од порано ја познаваат и двајцата полицајци.
Во соопштението до медиумите полицијата наведува дека „не може да соопшти повеќе информации за наведениот настан“ и „се со цел да се заштити жртвата на кривично дело од секундарна виктимизација“.
Тие денеска ќе бидат отстранети од должност.