Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава, меѓу нив и лице од Балканот

Во-Германија-пет-лица-се-обвинети-за-помагање-на-Исламската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државното Јавно обвинителство во Карлсруе денеска поднесе обвинение против пет лица, од кои едното е државјанин на Косово, за помагање на терористичката организација Исламска држава. Обвинетите се товарат дека преку различни канали во периодот од 2020 до 2022 година собрале повеќе од 250.000 евра и ги доставиле парите на припадниците на Исламската држава (ИД) во Сирија, кои ги искористиле парите за откуп на членови на ИД од курдско заробеништво.


Обвинението е поднесено против три жени и двајца мажи, од кои едниот Кујтим Б. е косовски државјанин, пишува хрватски „Индекс“.

Другите обвинети имаат германско или двојно германско-мароканско државјанство. Сите обвинети се во притвор од крајот на мај. Во акцијата на крајот на мај беа уапсени уште две лица и истрагата против нив се уште трае.

Според податоците на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок за 2022 година, во Германија има 27.480 лица за кои се верува дека се радикални исламисти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK