Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ се закотви во близина на Сплит, пренесува Јутарњи лист.
„Џералд Форд“ е најновиот и најголемиот носач на авиони во американската морнарица, но и најголемиот воен брод во историјата кој е пуштен во употреба.
Тој е првиот носач на авиони во својата класа (наречена по него – „Форд“ класа), а во оперативна служба беше прифатен во 2017 година.
Развојот на бродот траел со години, а вкупните трошоци се искачиле на дури 13 милијарди долари (без да се вклучат парите потрошени за развој на целата класа).
Бродот е со гигантски размери – долг е 337 метри, висок 76 метри, а неговата носивост надминува 100.000 тони.
Се напојува со два нуклеарни реактори, кои му овозможуваат да плови речиси 25 години пред да го замени нуклеарното гориво.
На бродот има повеќе од 4.500 морнари и друг персонал, вклучувајќи пилоти и луѓе кои управуваат со сите авиони на бродот (вкупно до 75 авиони и хеликоптери).