Во Анкара утре состанок за членството на Шведска во НАТО

ankara
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Анкара утре ќе се одржи четвртиот состанок на постојаниот заеднички механизам меѓу Турција, Финска и Шведска, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО веднаш откако Русија а нападна Украина во февруари 2022 година.


Турција веќе го одобри членството на Финска во НАТО и таа влезе во алијансата на 4 април годинава. Што се однесува до Шведска, Анкара сè уште очекува земјата да ги исполни своите обврски од трипартитниот меморандум потпишан минатиот јуни во Мадрид.

Трипартитниот меморандум ги обврзува Финска и Шведска да соработуваат со Турција во борбата против тероризмот, да ги запрат терористичките активности на нивна територија и да ги екстрадираат бараните терористи.

Со состанокот в среда во претседателскиот комплекс во Анкара ќе претседава Акиф Чагатај Кулч, главен советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти Дирекцијата за комуникации на Ердоган.

На состанокот ќе присуствуваат Стиан Јенсен, директор на личната канцеларија на генералниот секретар на НАТО, Јан Кнутсон, државен секретар во шведското МНР и Јука Саловаара, постојан државен секретар во финското Министерство за надворешни работи.

Шведска усвои антитерористички закон во ноември со надеж дека Анкара ќе ја одобри кандидатурата на Стокхолм за членство во НАТО. Новиот закон, кој стапи во сила на 1 јуни, им дозволува на властите да гонат поединци кои поддржуваат терористички групи.

Неколку министри за надворешни работи изразија надеж дека Турција ќе ја одобри кандидатурата на Шведска пред самитот на НАТО што ќе се одржи во литванскиот главен град Вилнус на 11 и 12 јули.

Во меѓувреме, извори цитирани од Блумберг изразиле верување дека Анкара најверојатно нема да ја одобри кандидатурата на Стокхолм на утрешните консултации, и покрај надежите на Стокхолм дека амандманите на шведскиот антитерористички закон, кој стапи во сила на 1 јуни, ќе помогне да се забрза процесот на членство во Алијансата.

Според цитираните извори, Анкара сè уште не е подготвена да ја одобри понудата на Стокхолм и верува дека Шведска мора прво „да го спроведе својот сосема нов закон за тероризам за да ги спречи или растури антитурските протести“ во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK