Во Албанија за безбедноста на локалните избори ангажирани 5.500 полициски службеници

albanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За локалните избори, што во Албанија ќе се одржат в недела на 14 мај, ќе бидат ангажирани 5.500 полициски службеници, објави Министерството за внатрешни работи.

– Државната полиција ќе ангажира 5.500 службеници за да се гарантира безбедност и непречено одвивање на изборите на 14 мај. Во изминатите три месеци, околу 7.000 вработени поминаа соодветната обука за локалните избори на 14 мај, во соработка со ОБСЕ и Централната изборна комисија. Обучени патроли ќе бидат стационирани во близина на избирачките места и општинските изборни комисии, се наведува во соопштението на албанското МВР.


Најголем дел од нив ќе бидат ангажирани околу транспорт и обезбедување на изборниот материјал, а нивна интервенција во просториите на 5.213 избирачки места ќе биде само во итни случаи или на друг начин, само по барање на претседателот на избирачкиот одбор.

По завршувањето на процесот на гласање во недела во 19 часот, по утврдена постапка, полицијата ќе го придружува транспортот на гласачките кутии до изборните комисии.

– Државната полиција веќе неколку дена го презеде обезбедувањето на просториите на ОИК низ земјава, каде се чува изборниот материјал и каде ќе се врши и пребројување на гласовите. Таму веќе е пристигнат изборниот материјали, како и камери, предмети за броење и слично, за кои не се пријавени проблеми при нивното транспортирање. Поради посветеноста на полицијата во другите области, објектите од посебно државно значење ќе ги обезбедуваат припадниците на специјалната армиска единица „командоси“, почнувајќи од петок, па се до вторник, кога се смета дека изборниот процес е завршен, потврдува полицијата.

Исто така полицијата е ангажирана и во периодот на изборната кампања, што почна на 14 април и завршува утре на полноќ, во одржување на редот и безбедноста за време на митинзи и други активности на политичките партии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK