(Видео) Жена со синџир се врза за палма во Сплит: Ми го зедоа станот, ќе останам тука додека не умрам

Видео-Жена-со-синџир-се-врза-за-палма-во-Сплит.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Борбата на Вања Шимлеша од Сплит во Хрватска започнала пред повеќе од триесет години, кога била урната зграда со седум стана за изградба на нова зграда. Вања денеска по долгогодишни судови и молби ја донесе својата борба директно пред зградата на градската управа во Сплит, каде се врза со синџири за палма, пишуваат хрватските медиуми.

„Имав сопствен стан 1/1 во приватна куќа. Градот Сплит ја сруши таа куќа. Мене ми дадоа стан за кој што морав месечно да плаќам. Тоа го добив за мојата сопственост“, изјави денеска Вања за „Далмација денес“.

Таа вели дека отишла на суд, но залудно.

„Градот Сплит толку многу лажеше, толку не клеветеше, што сите судови не одбија, а јас изгубив се. Им кажав и напишав на судиите дека ни лудниците од лудница нема да дадат свој стан за стан каде што ќе бидеш потстанар. Кој би го направил тоа? Никој“, рече таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK