(Видео) Вучиќ во Мостар се налути поради прашање за Сребреница: Не ме прекинувајте, проблемот е во тоа што измислувате

vucic-dodik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Српскиот претседател Александар Вучиќ е во Мостар, каде што го посети тамошниот економски саем.

„Не е вистина, не измислувајте. Утврдено е дека Србија во никој случај не е одговорна за геноцидот, само да се има предвид. Не го доведувајте во заблуда народот како што вие ги мамите луѓето во Сараево дека сум носел снајперист и сум пукал во некого. Не ме прекинувајте“, му се обрати Вучиќ на новинарот.

„Проблемот е што постојано измислувате, што вие во Сараево не можете да се држите до фактите, мора да измислите нешто“, продолжи тој.

„А да ме сослушате мене“, повторно се обрати Вучиќ кон новинарот.

Додик се приклучи велејќи дека повеќе Срби биле убиени во Сараево за време на опсадата отколку што биле убиени во Сребреница.

„Но за Србите не постои правда“, кажа Додик.

„Во Сребреница секако е извршено страшно злосторство. Не беше проблем некој да дојде да покаже жалење. Ве молам, не измислувајте работи“, додаде Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK