(Видео) Уапсени белградски макроа, едниот ја принудувал својата девојка на проституција

apsenje-belgrad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српското Министерство за внатрешни работи објави видео од апсењето на белградските макроа С.С. (46), П.Д. (25) и Ѓ.Љ. (29). Тие се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе.


Тие се осомничени дека од февруари до јуни годинава, искористувајќи ги тешките услови во кои живеела, врбувале 20-годишна девојка да се занимава со проституција за да се стекнат со противправна финансиска корист.

„С.С., како што се сомневаат, најпрвин стапил во емотивна врска со оштетената со цел да влијае на нејзината свест и волја и на тој начин ја регрутирал да се занимава со проституција, а потоа го ангажирал Ѓ.Љ., кој, како што се сомнева, на интернет огласувал давање сексуални услуги, додека осомничениот П.Д. ја превезувал оштетената и ја предавал на корисниците на сексуални услуги“, соопштија од српската полиција.

С.С. е осомничен дека подоцна ги одзел парите заработени на тој начин. Полицијата при претрес на становите на пријавените пронашла повеќе мобилни телефони и сим-картички, како и помала количина бела прашкаста материја која била испратена на вештачење.

На сите осомничени им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK