Мако ајкула, долга околу два метри е снимена на десетина километри од брегот, кај Луштица во Црна Гора.
View this post on Instagram
A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov)
„Снимено на околу 10 километри од брегот, надвор од полуостровот Луштица. Примерок на ајкула Мако долга околу 2 метри, заштитен вид“, пишува на инстаграм профилот „Подгорички времеплов“.
Експертите велат дека овој вид не се приближува до брегот и нема потреба од паника кај жителите и туристите во Црна Гора.