Грчката полиција попладнево одговори на пукањето во областа Артемида во кое загинаа шест лица, соопшти полицијата.
Според првичните информации, инцидентот вклучува расправии меѓу криминални групи во кои загинаа шест лица. Три лица биле во возило, пренесуваат медиумите во регионот.
Βίντεο από το σημείο της δολοφονικής επίθεσης στη #Λούτσα – Οι πρώτες πληροφορίες κάνουν λόγο για έξι νεκρούς. pic.twitter.com/HFPgtskgHx
— Kathimerini_Web (@KathimeriniWeb) September 11, 2023
Инцидентот се случил на улицата Арион и на местото била испратена брза помош со мобилна единица со спасувачи и лекар кој, како што се наведува, потврдил дека застреланите починале.
Алармот е вклучен, додека на терен има засилено полициско обезбедување, јавуваат локалните медиуми.