(Видео) Прва жртва на невремето во Грција: загина сточар, едно лице исчезна, Волос поплавен

Видео-Прва-жртва-на-невремето-во-Грција-загина-сточар-едно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а едно лице се води за исчезнато по невремето „Даниел“ што ја зафати Грција.


Според првичните информации, 70-годишен сточар загинал во областа Агиос Георгиос во Ано Волос кога бил згмечен од ѕид до неговата куќа кој се урнал поради големото количество вода.

Според информациите, сточарот се обидувал да им пријде на своите животни.

https://www.youtube.com/watch?v=1dkLA0SSph0

Уште едно лице е исчезнато во реонот на Волос кога неговиот автомобил бил однесен од порој, јавува „Прототема“.

Најтешка е состојбата во Волос каде се поплавени улици, куќи и возила, а уништени се и бројни дрвја.

Метеоролозите најавуваат дека лошото време ќе се задржи и во следните неколку часа.

Утрово беше испратена порака до луѓето во Пиерија, Тесалија, Споради, Евија и Фтиотида драстично да го ограничат движењето бидејќи лошото време Даниел е во полн ек.

Градоначалникот на Волос го повтори апелот, луѓето да останат дома, а на Фејсбук објави слики од хаосот по невремето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK