(Видео) Падна врата на автобус во Белград

bus-belgrad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На социјалните мрежи се прикажува видео на кое е забележан моментот кога врата од автобус паѓа, на линија која сообраќа во Белград.


Конзорциумот на приватните превозници „Авала бус 500“, одговорен за линијата 511, соопшти дека инцидентот се случил вчера и дека вратите биле искршени од патници, јавува РТС.

„Автобусот веднаш беше исклучен од сообраќајот“, велат од „Авале бус 500“.

Жителите кои најчесто се превезуваат на линијата, како што пренесуваат тамошните медиуми, наведуваат дека секојдневно се случуваат слични инциденти на линијата 511, како и дека во неколку наврати е пријавено дека возилата се расипуваат или се запалиле најмалку три пати од почетокот на 2024 година.

Посочуваат и дека линијата 511 им е неопходна, бидејќи одат на работа, факултет и во училиште.

„На линијата сообраќаат 20 автобуси, а добивме три нови возила, од кои две се на гас“, соопштуваат од „Авале бус 500“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK