(Видео) Орбан се упати кон унгарско-српската граница: „Се обидоа да го дигнат гасоводот во воздух“


orban-Depositphotos_286567240_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рано утрово се упати кон српската граница за да го провери гасоводот на унгарската страна.


„Велигденски понеделник, 6 часот наутро. Се упатуваме кон унгарско-српската граница. Вчера се обидоа да го дигнат во воздух гасоводот на српската страна. Проверуваме дали сè е во ред на унгарската страна. Ќе известувам во живо за развојот на настаните“, рече Орбан во објава на социјалните мрежи, преку видео.

Унгарскиот премиер свика итен состанок на Советот за одбрана на земјата во недела попладне откако српските воени служби пронајдоа експлозивна направа и средства за нејзино активирање на критична гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

View this post on Instagram

A post shared by Orbán Viktor (@orbanviktor)

По состанокот, Орбан објави дека воените сили што го штитат делот од гасоводот Турски тек што се наоѓа во Унгарија ќе бидат дополнително зајакнати. Во видео објавено на својот Фејсбук профил вчера, Орбан му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот „брз и ефикасен одговор“.

Унгарскиот премиер додаде дека никој не е повреден во инцидентот и дека е спречен „акт на саботажа“. Орбан додаде дека гасоводот работи нормално и без прекин.

Вучиќ претходно објави дека на територијата на општина Кањижа се пронајдени два големи пакети експлозиви и нагласи дека српската армија вчера успеала да спречи акција против виталните интереси на земјата и дека Србија безмилосно ќе се справи со секој што мисли дека ја загрозува нејзината витална инфраструктура.

Гасоводот Турски тек е главна енергетска артерија на Унгарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK