Обилни врнежи зафатија дел од Хрватска, а синоптичарите на ДХМЗ издадоа црвено предупредување за областите Риека, Книн и Сплит поради невреме со грмотевици придружени со силен ветер и можна појава на град на некои места, извести Дирекцијата за цивилна заштита.
Хрватски води издаде предупредување поради значително покачување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава.
„Обилните акумулирани врнежи на подрачјето на Хрватска и возводно соседните земји ќе предизвикаат значително зголемување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава. Според хидролошките модели и понатамошната прогноза за обилни врнежи, нагло покачување на водостојот се очекува и кај помалите притоки“, предупредуваат од Хрватски води и додаваат:
„И денеска поради обилни и интензивни врнежи и грмежи на подрачјето на Горски Котар, Лика и целиот Јадран и неговата внатрешност, постои можност за поројни и урбани поплави“.
Поплавен е и брегот во Задар.
Poplavljena riva u Zadru….
“Nevjerojatno je koliko su brze promjene. Sada je sunčano…” govori nam pratiteljica koja nam je poslala video. pic.twitter.com/oT34BhMwBX
— DHMZ (@DHMZ_HR) November 3, 2023
Во некои делови на Задар морето навлегло во дворот на куќите.
Сплит беше погоден од бура од југ и морето се излеа на брегот.
Проблеми на патиштата предизвика и силниот дожд во внатрешноста на Шибеник.