Во темнината без осветлување, минувачите низ плоштадот во Белград, преку разглас можеа да го слушнат говорот на претседателот Александар Вучиќ, кој ги повторуваше неговите фрази за патриотизмот, „српската војска“ и економскиот напредок.
ne znam da li ste gledali neku izvedbu orvelove 1984 ali to otprilike ovako izlgeda. u realnosti našoj pic.twitter.com/l1u0c9cQkF
— Djordje Miketic (@djordjemiketic) February 15, 2024
„Да напредуваме економски, да го зачуваме мирот, но и да не ја даваме нашата војска, нашето небо и нашата земја. И никогаш да не дозволиме некој да ни ја земе црвено-сино-белата тробојка затоа што таа е симбол на сите наши победи, тоа е симбол на нашата слобода. Да живее Србија, благодарам и честитки“, се слушаше на видеото објавено на „Икс“ од српскиот опозициски политичар Ѓорѓе Микетиќ.
„Не знам дали сте гледале некоја изведба на Орвеловата 1984, но вака изгледа во нашата реалност“, напиша Микетиќ.