(Видео) Морничави детали од убиството во Добој: го отрула ќерката, сопругата и нејзиниот љубовник го заклале

Видео-Морничави-детали-од-убиството-во-Добој-го-отрула-ќерката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судот во Добој на 32-годишната Андреа Кајганиќ, 19-годишниот Дражен Лазаревиќ и нејзината малолетна ќерка на возраст од 14 години им изрече мерка притвор за грозоморното убиство на Саша Кулишиќ.


Судот детално опиша како Кајганиќ и Лазаревиќ го убиле Кулишиќ. Во се учествувала неговата малолетна ќерка, како и сестрата на Кајганиќ. Инаку, Кајганиќ била сопруга на убиениот, а Лазаревиќ нејзин љубовник. Првите резултати од истрагата укажуваат дека Андреа и Дражен решиле да извршат кривично дело за да можат да ја продолжат љубовната врска, за што, како што пишува босански Кликс, неодамна дознал и самиот убиен.

Не е исклучена можноста зад се да стои личен интерес, односно осомничените сакале да го земат имотот на Кулишиќ, убедени дека ќе му ја задржат куќата, бизнисот… Телото на Кулишиќ е пронајдено во шума недалеку од излетничко место Преслица кај Добој. Бил врзан за дрво со јаже и селотејп трака.

„Осомничените се обвинети дека во неутврден временски период, според претходен договор заедно со малолетната ќерка на осомничената Андреа и убиениот Саша, на 29 јануари попладне, откако малолетничката искршила поголем број таблети наречени „Треана“, кои по барање на пријавените ги купила сестрата на Андреа В.М., и ги измешала со вода.

Според договорот со осомничените, малолетничката вечерта отишла во семејниот дом на нејзиниот татко, каде што направила лимонада со вода во која имало искршена таблета во прав, и му ја дала на татко си со намера да го успие.

Откако апчињата почнале да дејствуваат и тој заспал, таа ја оставила незаклучена влезната врата од куќата, за што ги известила осомничените кои дошле и влегле во куќата.

„По влегувањето во куќата, на малолетната ќерка и било кажано да оди во дневната соба и да ја затвори вратата, а пријавените влегле во просторијата во која спиел Кулишиќ, му ги врзале рацете со јаже и селотејп трака и му задале неколку удари од кои искрварил, а потоа го извадиле од куќата и со моторно возило го однеле во шумата во непосредна близина на излетничкото место.

Таму пријавените со непознат предмет му нанеле четири убодни рани во пределот на стомакот, а како последица на развој на тежок трауматски и хиповолемичен шок предизвикан од повредата и загубата на крв, настапила смрт, па така го оставиле во шумата и се упатиле во непознат правец“, соопштија од судот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK