Српскиот актер Милош Биковиќ со завидна кариера во Русија постигна голем успех, па ќе се појави во третата сезона на популарната серија на HBO White Lotus, која предизвика коментари и во Украина.
„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија, сега ќе глуми во третата сезона на „White Lotus“ на HBO“, објави украинското министерство на Твитер.
Miloš Biković, Serbian actor who has been supporting Russia since the start of the full-scale invasion, is now set to star in HBO’s The White Lotus Season 3@HBO, is it all right for you to work with a person who supports genocide & violates international law?
📹 @United24media pic.twitter.com/ceWkXVttfp
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) January 24, 2024
Во објавата има и снимки на Биковиќ со различни реплики во филмови, изјави за Русија, како и награди што ги добивал во Србија и Русија.
„Дали е во ред да се работи со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право“, е прашањето што Украинците го испратија до платформата HBO.