Убиено е девојчето Данка Илиќ од Бор во Србија, објави претседателот Александар Вучиќ при вонредното обраќање од Палатата Србија. Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ ги соопшти деталите за страшниот случај. Двајцата осомничени детаљно го опишале делото и биле уапсени.
Гашиќ рече дека мајката на Данка со децата дошла во куќата во Бањско Поле во 13:10 часот.
„Децата биле во дворот, си играле, а таа ги фотографирала во тие моменти“, изјави Гашиќ.
Последната фотографија од децата мајката му ја испратила на сопругот во 13 часот и 22 минути. Тогаш синот побарал вода, која била во возило на неколку метри.
„Додека земала вода сфатила дека Данка ја нема, во 13 часот и 41 минути го повикала сопругот кој дошол во 13 часот и 55 минути, а потоа во 13 часот и 45 минути повикала полиција која пристигнала во 13 часот и 59 минути и веднаш почнале да бараат“, изјави министерот Гашиќ.
„Во овој случај беше активиран системот, „Најди ме“, од моментот кога таа излезе од станот, ја следевме форензиката на телефонот, неговото движење, притоа споредувајќи ги сите можни лица кои поминаа“, рече министерот. Така биле пронајдени двајца работници на Водовод, кои се испоставиле дека се сторителите.
„Застанале, како што рекоа, затоа што имале потреба за тоалет“, вели тој. „Кога тргнале, набрзо ја прегазиле малата Данка“, додаде тој.
„Го удриле девојчето. Осомничениот го управувал возилото, а сопатникот го пренел нејзиното тело, кое било во несвесна состојба, на задниот дел од возилото“, вели тој.
„Во 13 часот и 57 минути таткото ги запрел и прашал дали го виделе девојчето, тие одговориле дека не го виделе“, рече министерот и додаде дека потоа отишле на депонијата.
„Кога пристигнал на депонијата, С.Ј. го зел телото и го фрлил на депонијата каде што имало ѓубре. После тоа се вратиле во фирмата. С.Ј. на повик отишол во Бањско поле да го бара девојчето“, изјави министерот.
„Фактот што еден од осомничените, на повик на директорот, истиот ден отишол во Бањско поле да го бара девојчето е доказ за неговата ладнокрвност“, вели тој.
„Направени се 15 полиграфски тестови“, рече тој. Министерот додаде дека е прегледана евиденцијата од 150.000 телефонски повици и пораки.
„Тие се движеа со 20 км/ч“, рече тој за осомничените.
„Возачот имаше задоцнета реакција на полиграфскиот тест, а совозачот имаше реакција на полиграфскиот тест“, вели тој.
„Не однесоа на депонијата каде што го оставија телото, но имаме информации дека еден од нив се вратил и го префрлил телото на друга локација. Не можеме да им веруваме затоа што си ја префрлаат вината еден на друг“, рече министерот.