(Видео) Еди Рама оттурна новинарка, не му се допадна прашањето што му го постави

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама  за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.



Како што пренесува „Газета10“, Еди Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ откако таа му поставила прашање.

Наводно, новинароката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.

После тоа дошло до физички контакт, а се се случило додека бил опкружен со новинарски екипи.

– Ве молам, не ме допирајте повеќе – реккла новинарката додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува Блиц.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK