(Видео) Еден од обвинетите за нападот врз косовската полиција изнесен од судот: „Тука сум, само биди добро“ му довикна женско лице

Видео-Еден-од-обвинетите-за-нападот-врз-косовската-полиција-изнесен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од обвинетите за тероризам го напушти Основниот суд во Приштина, каде што се одржа рочиштето за нападот на косовската полиција во Бањска.


На снимката направена пред судот се слуша женски глас, кој вели: Тука сум, тука сум, само биди добро.

Двајца Срби денеска беа изведени пред Специјалното одделение за учество во вооружен судир со полицијата.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека поднело барање за определување мерки притвор против три лица – В. Т., Б. С. и Д. М. за разни кривични дела, пишува „Н1“.

Тие се товарат за: тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово, вршење терористички дејствија, како и тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово од член 126 и сторување терористички акти.

Во понеделникот вечерта во болницата во Приштина се одржа сослушувањето на В. Т., третиот од уапсените, кој беше ранет за време на конфликтот со косовската полиција.

Поради здравствени околности, на В. Т. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK