Aлбанската полиција уапси криминална група обвинета за шверц на дрога на брод што пловел од Црна Гора, јавуваат албанските медиуми. Акцијата ја поддржаа италијанската Guardia di Finanza и американската агенција ДЕА.
Како што пренесува „politiko.al“, заменик-директорот на албанската државна полиција, Сокол Бижга, на прес-конференцијата ги изнесе деталите од меѓународната операција против шверцот на дрога, што беше спроведена вчера.
Во акцијата се уапсени шест лица и тоа четворица албански државјани и двајца украински државјани.
Меѓу уапсените е и поранешен функционер на албанската полиција.
Një operacion policor antidrogë është në zhvillim e sipër në Vlorë dhe në Fushë Kuqe. Prokuroria ka firmosur 6 urdhër arreste. pic.twitter.com/2iT2guhP8e
— Syri Tv (@SyriTelevizion) August 16, 2023
Дрогата била пронајдена во близина на местото каде што шверцерите го напуштиле бродот.
Од полицијата велат дека лицата кои се наоѓале на бродот, кога забележале дека се опколени, го запалиле пловилото и се обиделе да заминат со мал чамец за спасување, но биле фатени на лице место.
Се наведува дека бродот „Велиера“ пловел под украинско знаме од Црна Гора.