(Видео) Дел од трговскиот центар во Белград се уште гори, во огромниот пожар нема жртви

Видео-Дел-од-трговскиот-центар-во-Белград-се-уште-гори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дел од трговскиот центарот во Белград е изгаснат, но дел се уште гори. Станува збор за огромен објект.


Лука Чаушиќ, раководител на секторот за вонредни ситуации за српски Телеграф вели дека најважно е што нема жртви во огромниот пожар што утринава избувна во Блок 70.

„Посебно морам да го истакнам ангажманот на хеликоптери, за прв пат хеликоптерските единици на МВР работат на гаснење пожари во внатрешното градско јадро. Тие беа ангажирани по наредба на министерот за внатрешни работи и дадоа голем придонес во намалувањето на температурата, со оглед на тоа дека се ослободува големо количество топлина, за да можат нашите членови да се приближат и да го изгаснат пожарот одвнатре“, рече тој.

Пожарот бил пријавен во 06:57 часот. Над 50 пожарникари со 15 возила и хеликоптери го гасат пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK