Чадот од големите пожари кои изминатите денови ги зафатија Александрополис, Беотија и Евија стигна до многу делови на Грција.
Чадот стигна до Јонските острови. На социјалните мрежи кружат драматични слики од Итака, Кефалонија и Лефкада. Некои локални медиуми јавуваат и дека чадот стигнал до Тасос и Халкидики.
Како што пишува Prototema.gr, чад покри речиси половина од Грција.
#Αλεξανδρουπολη #φωτιά Μαύρισε ο ουρανός και στη Σαμοθράκη pic.twitter.com/mWF8PANKu1
— Elena Mosxou (@ElenaMosxou) August 21, 2023
На сликата на европскиот сателит METEOSAT-11, може да се види јачината и размерите на шумските пожари кои се моментално активни.
Φωτιές: 110.000 τετρ. χιλιόμετρα καλύπτει ο καπνός από τις πυρκαγιές το πρωί της Τρίτης https://t.co/TfZpOvJHn9
— Protothema.gr (@protothema) August 22, 2023
На сликата се гледа густ чад кој го покри небото на неколку региони на Грција.
Поточно, чад може да се забележи над северниот и централниот дел на Егејското Море поради шумските пожари во Еврос и Родопи, како и пожарите над Беотија.
Чадот од пожарот во областа Еврос достигна околу 950 километри југозападно, покривајќи површина од околу 110.000 квадратни метри.