Автобусот во Србија излегол од патот и влетал во дворот на семејна куќа во Заклопача. Несреќата се случила нешто пред седум часот, а според неофицијални информации, возачот во еден момент изгубил контрола над возилото.
Автобусот ја уништил оградата и завршил веднаш до објектот.
View this post on Instagram
Во несреќата е уништен предниот дел од возилото.
Во моментот на несреќата во автобусот немало патници, само возачот, кој бил пренесен во болница. Сè уште не се знае степенот на неговите повреди.