Уставниот суд на Црна Гора ги прогласи за неуставни измените во Законот за претседател

crna gora
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд на Црна Гора на денешната седница едногласно ги укина измените на Законот за претседател што беа донесени во декември минатата година, соопшти судот, од каде уште најавија дека денешната одлука ќе биде објавена во „Службен весник на Црна Гора“.

Измените на Законот за претседател, што се однесуваат на процедурата за избор на мандатар за формирање влада, беа усвоени во декември минатата година, откако поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, одби да му го даде мандатот за формирање на нова влада на Миодраг Лекиќ, кој беше предложен од парламентарното мнозинство.


Бидејќи парламентарното мнозинство предводено од Лекиќ не можеше да формира влада и по изменетиот Закон за претседател, Ѓукановиќ одлучи да го распушти Собранието и да распише вонредни парламентарни избори, кои се одржаа на 11 јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK