Семејствата и постарите лица кои беа спасени од поплавите во областа поради невремето Даниел се префрлени во гимназијата во Кардица, Грција. Како што пренесува Live News, спасените добиле ќебиња, храна и неопходни намирници.
Дополнително, жена која во четвртокот вечерта со хеликоптер беше однесена во училишната сала, рече: „Немавме време да видиме како дојде водата. Сите беа изненадени од наглото зголемување“.
„Од утро до попладне седевме на клупата на верандата. Преку ден ни пријде чамец и не однесе на блиската тераса. Доживеавме опасни ситуации. Без комуникација нашите деца гледаа вести и не информираа за немилите настани“, додаде таа, пренесе „Прототема“.
Бурата Даниел предизвика смрт на најмалку десет луѓе, но и невидени катастрофи во многу делови на Грција, со центар во Тесалија.