Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја продолжи дипломатската турнеја низ Западен Балкан, а во рамки на тоа ја посети и Босна и Херцеговина, каде во Сараево се сретна со членовите на Претседателството на БиХ.
Како што е планирано, Урсула фон дер Лајен денеска ќе се сретне и со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристo, а планирано е да го претстави и Планот за раст на Западен Балкан.
На средбите ќе се разговара и за можниот датум за почеток на преговорите на Босна и Херцеговина за влез во Европската унија. Дополнително, за време на посетата, Фон дер Лајен ќе присуствува на церемонијата на доделување на клучевите од новите станови за 27 раселени семејства во Вогошќа.
Во мај 2019 година, Европската комисија пред БиХ постави 14 приоритети кои мора да ги исполни пред тоа, а објавувањето на извештајот за исполнување на обврските беше најавено за 8 ноември.
Во изминатата година актуелната влада донесе пет закони кои се дел од мислењето на Европската комисија, но има критики дека дел од нив не се усогласени со европските стандарди.