Наставничка по музичко во ОУ „Васа Пелагиќ“ во Белград, била вербално и физички нападната од шестоодделенец од тоа училиште, соопшти Независниот синдикат на просветните работници во Србија.
Според нив, како што пренесуваат локални медиуми, нападот се случил вчера, а следувал по разговор што ученикот го имал со класниот раководител и заменик-директорот на училиштето, кај кои го упшатила нападнатата наставничка бидејќи пушел електронска цигара во училницата.
Ученикот потоа и се обратил со зборовите „што е, што сакаш, одиш таму, кој што те прашал“, туркајќи ја со рацете.
„Ваквите инциденти покажуваат дека насилството во училиштата не се намалува, дека нема подобрување на безбедноста на наставниците и дека мерката итно прекинување на наставата, според предлогот на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија, е неопходна за нормализирање на наставниот процес, кој долго време беше во заложништво на насилници“, се наведува во соопштението од синдикатот, пренесуваат медиумите во соседството.