Убиство во Србија: со дупчалка го пробол черепот на сопругата

Пронајден-скелет-во-стан-во-Белград-станарот-никој-не-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







За сторено кривично дело тешко убиство е осомничен 55-годишниот Никола Т. од Нови Сад. Нова.рс неофицијално дознава дека убиецот прво со дупчалка во пределот на главата ја удрил својата 53-годишна сопруга Гордана Т., по што со остриот дел и го прободел черепот.

„Полицијата и итната помош биле повикани од ќерката, која по пристигнувањето на местото на настанот се нашла покрај телото на нејзината мајка. Таа само повторила дека тоа го направил нејзиниот татко“, изјавил извор од истрагата.

Додека полицијата го обезбедувала местото на злосторството, Никола Т. врзал бетонски блок околу вратот и скокнал од Темеринскиот мост. Меѓутоа полицијата успеала да го извлече од водата и да го спаси.

Убиецот моментално се наоѓа во Клиничкиот центар во Нови Сад, а денеска заедно со кривичната пријава треба да биде пренесен во притвор бидејќи му е одредено задржување до 48 часа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK