„Турски лекари ѝ ги зеле парите на ќерка ми и ја оставиле да умре: млада Британка почина во Белград поради компликации

„Турски-лекари-ѝ-ги-зеле-парите-на-ќерка-ми-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Српските лекари ми кажаа дека ова е трет случај на авион со британски пациенти кои итно слетуваат во Белград поради компликации по естетските зафати извршени во странство“, открила мајката на 20-годишната Морган Рибеиро, кој почина во болница во Белград по извршена операција на желудник во Истанбул.

Ожалостената мајка на младата Британка која почина по неуспешната операција за слабеење, обвини клиника за естетска хирургија во Турција дека и „зела пари и ја оставила да умре“.

Авионот на летот Истанбул-Лондон принудно слетал на белградскиот аеродром пред десетина дена бидејќи на еден од патниците му се слошило. Односно за Британката Морган Рибеиро.

Млада Британка полета за Турција за да се подложи на операција на желудник поради нејзината тежина. Но, 20-годишната девојка од јужен Лондон почина од компликации во српска болница, откако мораше итно да слета во Белград на повратен лет за Британија, кога одеднаш и се слошило.

Ерин Гибсон, мајката на Морган, остро ја критикуваше клиниката за естетска хирургија во Турција затоа што ја отпуштила нејзината ќерка од болница во Истанбул само три дена по неуспешната операција додека страдала од инфекција.

Како што изјавила за Дејли Мејл, ниту една мајка не треба да ја преживува болката низ која поминува.

„Морган платила 2.500 фунти на компанија во Швајцарија, но операцијата била извршена во Турција. Ја уништија со операција. Откако авионот принудно слетал во Србија, тамошните лекари констатирале дека за време на операцијата и е дупнато тенкото црево. Покрај тоа, доби и инфекција“ рекла Ерин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK