Турската опозициска партија тврди дека имало нерегуларности при пребројувањето на гласовите

turcija-izbori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најголемата турска опозициска партија денеска соопшти дека поднела приговор поради можни нерегуларности на илјадници избирачки места на изборите во неделата, на кои актуелниот претседател Таип Ердоган помина подобро од очекуваното.

Мухарем Еркек, потпретседател на Републиканската народна партија (ЦХП), рече дека има неправилности во пребројувањето на гласовите, од еден погрешно преброен глас до стотици такви гласови.


Републиканската народна партија , објасни Еркек, има приговор за 2.269 гласачки кутии за претседателските избори и 4.825 гласачки кутии за парламентарните избори кои исто така се одржаа во неделата.

Партијата на правдата и развојот на Ердоган и нејзините исламистички партнери освоија 322 од 600 места во Парламентот и обезбедија мнозинство што ќе му овозможи на Ердоган да тврди дека гласањето за него значи стабилност на земјата. Вториот круг од изборите е закажан за 28 мај.

Во првиот круг актуелниот претседател освои 49,5 отсто од гласовите, а Кемал Киличдароглу, кандидатот на опозициската алијанса која ја чинат шест партии, освои 45 отсто од гласовите.

На трето место е изненадувањето на изборите, националистичкиот кандидат Синан Оган со освоени 5,2 отсто од гласовите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK