Три земјотреси во Лесковац за осум дена

Земјотрес-во-Грција-се-тресеше-кај-Крф.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Лесковац вчера вечерта.


Како што соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, епицентарот бил на длабочина од 12 километри.

Земјотресот се случил околу 19 часот и 40 минути, а епицентарот бил Сува планина.

Тоа е трет земјотрес регистриран на територијата на градот Лесковац за осум дена.

Првиот земјотрес во Лесковац беше регистриран на 9 јануари со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала, а на 13 јануари следеше вториот земјотрес од 1,9 степени.

Земјотресите во тој опсег според Рихтеровата скала се сметаат за поблаги земјотреси кои можат да ги потресат зградите, но не се очекуваат материјални штети и поголеми разурнувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK