17-годишна девојка починала кај одморалиштето Соколац на автопатот А1 во правец кон Сплит, соопшти полицијата.
Имено, вчера во 18 часот и 59 минути на одморалиштето Соколац на автопатот А-1 во правец кон Сплит се случила сообраќајна незгода кога 44-годишен возач кој управувал автобус со задарски регистарски ознаки удрил во 17- годишно девојче, според „Индекс“.
44-годишниот возач управувал автобус со задарски регистарски таблички и додека го движел автобусот на позицијата за гориво, почнал да вози напред, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност за другите учесници во сообраќајот, пренесува „Јутарњи лист“.
Притоа удрил 17-годишна девојка, која од здобиените повреди починала на местото на настанот, соопштила тамошната полиција. Полициски службеници вршат увид за утврдување на сите факти и околности на настанот.
Локалните медиуми објавија дека станува збор за девојка од околината на Бенковац која ги придружувала младите фудбалери на клубот „Врчево“ од Главица во задарската област, кои биле во посета во Хрватско Загорје.
Од здобиените повреди починала на лице место.
Истрагата е во тек.