Топлотен бран на Балканот, во Албанија и Србија температурата надминува 40 степени

toplo-vreme.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Нов топлотен бран го зафати Балканот во понеделникот, три недели откако претходниот бран предизвика прекин на електричната мрежа во неколку земји во регионот.

Во Албанија, каде температурите надминуваат 40 степени Целзиусови, владата утринава предупреди дека „намерно или случајно предизвикување пожар“ се казнува со 15 години затвор.

Во Србија хидрометеоролошкиот институт РХМЗ денеска предупреди на силен топлотен бран, прогнозирајќи дека ќе трае цела недела со температури до 40 степени и тропски ноќи во градските средини. Институтот прогласи портокалова тревога за добар дел од земјата.

Во Косово горештините се придружени со ветер и песок, а на граѓаните им се препорачува да не излегуваат на сонце.

„УВ-индексот ќе биде многу висок“, предупредија властите, апелирајќи до возачите да бидат внимателни.

За време на претходниот топлотен бран, на 21 јуни, електричната мрежа се расипа во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK