Тело на маж пронајдено на плажа: Бројот на загинати во Грција се искачи на 11, штетата се мери во милијарди евра

Тело-на-маж-пронајдено-на-плажа-Бројот-на-загинати-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на жртвите од бурата Даниел, која со денови ја пустоши Грција и јужниот дел на Балканот, се искачи на 11 лица, откако денеска на плажата Елиники на островот Евија беше пронајдено тело на 77-годишен маж.


Според тамошните медиуми, телото на човекот било забележано додека плута во областа Турконери. Човекот бил идентификуван од неговата сопруга, а по него се трагало откако земјата ја погоди бурата Даниел. Како што беше наведено претходно, исчезнатиот маж е од Пелион.

Според последните податоци, моментално 11 се мртви, додека најмалку четворица се водат како исчезнати. Покрај жртвите, невремето Даниел предизвика и штети кои се мерат во милијарди евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK