Таткото на Данка Илиќ проговори по сослушувањето на Драгијевиќ: Адвокатите треба да се срамат од дипломите

Screenshot-2024-07-11-130725.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиство на девојчето во Бањско Поле, сега ги негира сите обвинувања против него, а по неговото сослушување се огласи и таткото на Данка Илиќ, Милош.


Откако ги изнесе личните податоци и деталите за движењата на кобниот ден на Данка Илиќ, Драгијевиќ ја смени приказната, тврдејќи дека не ја убил, ниту пак ја видел на патот во Бањско Поле.

Уште поголем скандал на денешното судење е тоа што изјавил дека не го давел, ниту го ставил девојчето во автомобил, а телото го фрлил на депонија.

Оваа драматична промена во изјавата на осомничениот предизвикува дополнително внимание во јавноста и остава отворени многу прашања.

По оваа информација која ја пренесоа српските медиуми, се огласи и таткото на Данка Илиќ, Милош.

– Овде гледаш проста работа, да не речам селска. А тие адвокати кои ги учат што да прават во ваков случај треба да се срамат од дипломите. Сè ќе излезе на видело еден ден, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK