Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашникови: Драма во Драч

electric-volkswagen-golf-becomes-german-police-car_3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вистинската драма се одвивала во текот на ноќта во Драч, каде маж (40) ги земал во заложништво неговите две деца на возраст од 6 и 11 години и почнал да пука со калашникови.

Алекс Марку (40) испукал неколку истрели во станот, по што преплашените соседи повикале полиција.

На местото на настанот набрзо пристигнале бројни полициски екипи, а по неколкучасовни преговори полицијата утрово успеала да ги спаси децата и да го уапси осомничениот, пренесуваат медиумите во регионот.

Се започнало синоќа околу 2 часот и 20 минути, кога вознемирените соседи повикале полиција и рекле дека некој пука внатре во зградата.

При проверката на лице место било констатирано дека пукањето се одвивало во стан под кирија. Утврдено е дека Алекс, кој живее во Леж, изнајмил стан на седум дена и таму ги донел двете малолетни деца.

Полицијата неколку пати го повикала Алекс да ги пушти децата да се предадат, а тој одбил и со калашников пукал низ прозорецот.

При рацијата во станот, полицијата пронашла калашников, поголема количина муниција и 18 чаури.

Според полицијата, децата биле спасени и не се повредени.

Засега не е познато зошто А. М. се решил на ваков чекор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK