„Данка е златно дете, мирно, тивко. Добро дете кое може да пријде на секого, затоа што им верува на луѓето. Никогаш не се воздржува, не сака да ги одвраќа луѓето, не се плаши од нив“, вели Милан Илиќ, дедо на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2).
Во својата изјава, прва по исчезнувањето на Данка Илиќ, зборуваше за потрагата по внуката, но и за неа.
– Се уште не знаеме ништо. Ми рекоа да седнам во кола и да чекам. Не можам да одам таму горе. Постојано гледам телевизија, читам вести. Чекам се како и сите други. Полицијата си ја врши работата. Сите се таму. Се надевам дека ќе ја најдат што побрзо и дека се ќе биде во ред – вели дедото на Данка Илиќ.
Потрагата по исчезнатото девојче Данка Илиќ (2) започна во 23 часот. Голем е бројот на полицајци, кучиња трагачи, но и граѓани кои самоиницијативно ги пребаруваат шумите и околината.
Хеликоптер, како и беспилотни летала со термални камери во текот на ноќта летаа во Бор, а временските услови, дождот и студот дополнително ја отежнуваат потрагата.
Поради исчезнувањето на малото девојче Данка, во Србија за првпат беше активиран системот „Најди ме“, српската верзија на американскиот „Amber Alert“.