– Силите на КФОР и граѓани собрани пред општината Звечан на северот на Косово денеска се судрија нешто по 16:00 часот, фрлени се солзавец и шок бомби, а има и повредени.
Бета пренесе дека КФОР побарал да се расчисти преминот за возилата на специјалната единица на косовската полиција да го напуштат местото пред општината, што Србите не го дозволиле и покрај повиците на Српската листа.
Конфликтот започна кога припадниците на КФОР почнаа да туркаат луѓе, вклучително и новинари кои беа во првите редови.
Толпата се спротивстави, а потоа беше фрлен солзавец, што се претпоставува дека го направил Кфор. Фрлени се шок бомби, солзавец, како и камења и шишиња. Се слушнале истрели и детонации.
Припадниците на КФОР успеаја да ја турнат толпата толку далеку што ги извлекоа заробените оклопни возила на специјалната единица на косовската полиција.
Повредени се неколку припадници на КФОР, не се знае колку граѓани се повредени, а повреден е и дописник на агенцијата Танјуг.
Исто така, во близина на општинската зграда гори службено странско возило.
На повредените им е укажана лекарска помош во Здравствениот дом во Звечан, а оние со посериозни повреди се пренесени во болницата во Косовска Митровица.
Во Лепосавиќ и Зубин Поток немаше тензии, а граѓаните се разотидоа и најавија нов собири за утре.