Стано: Посетата на Лајчак покажа дека Приштина и Белград и натаму се на суштински спротивни ставови

eu Petar Stano
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано денеска изјави дека минатонеделната посета на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак за Приштина и Белград потврдила дека двете страни се уште имаат суштински спротивни позиции за многу прашања и додаде дека консултациите за следните чекори се во тек.







-Специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак беше во Приштина и Белград придружуван од американскиот пратеник Габриел Ескобар за да разговара за клучните елементи за натамошниот напредок. Разговорите беа многу тешки, особено во Приштина, а посетата потврди дека двете страни сè уште имаат суштински спротивни ставови за многу прашања, изјави Стано за агенцијата Бета.

Тој додаде дека Лајчак го информирал високиот претставник на ЕУ за разговорите и дека сега се информираат земјите-членки, а дека во тек се консултации за следните чекори.

Стано потсети дека ЕУ ги повика Приштина и Белград да бидат конструктивни и подготвени за компромис, додавајќи дека се потребни позитивни чекори, особено од косовска страна, за брзо ублажување на тензиите на северот на Косово.

-Доколку страните не реагираат, ЕУ е подготвена да преземе решителни мерки кои ќе влијаат на нашиот однос, изјави Стано.

Тој нагласи дека се уште е на сила декларацијата на 27 земји од ЕУ од 3 јуни, во која, меѓу другото, се наведува дека ЕУ очекува и Косово и Србија да се приклучат на дијалогот, кој вклучува „почеток на работата на воспоставувањето на Заедницата на српските општини без натамошно одлагање или предуслови“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK