Средба на Борел и Лајчак во Брисел со Курти


borel kurti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска во Брисел се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти, во обид да се најде начин за деескалација на тензиите во односите меѓу Белград и Приштина.

Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој исто така е на средбата со Курти, попладнево треба да разговараат со српскиот претседател Александар Вучиќ.


Борел најави дека денеска во Брисел ќе биде домаќин на серија одвоени средби со Вучиќ и Курти, со фокус да се изнајдат начини за деескалација на тензиите за двете страни да се вратат на спроведување на договорите постигнати во бриселскиот дијалог, особено Договор за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија.

По денешните разговори, Борел ќе и се обрати на јавноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK